Куќата на теророт (Terror Haza)
Having survived two terror regimes, it was felt that the time had come for Hungary to erect a fitting memorial to the victims, and at the same time to present a picture of what life was like for Hungarians in those times.
Ако сте фан на политичка историја и борбата за слобода на народите низ светот, и некогаш патот ве води кон Будимпешта, Музејот Куќата на теророт (Terror Haza) е задолжителна дестинација.
Малку контекст и брз квиз по историја
Унгарија има слична (комплицирана) историја како повеќето источно-европски земји. Едноставно, се наоѓа втурната во војната на големите сили, особено дуелот помеѓу двете тоталитарни империи во тоа време — социјалистичка СССР и фашистичка Германија. Првично, кога Хитлер ја напаѓа Полска во 1939г., тогашниот премиер на Унгарија, Паи Телеки (господин човек, аристократ и универзитетски професор) ја држи Унгарија во неутрална позиција.
Не за долго.
Веќе во 1940г. Телеки е притиснат — и од Хитлер и од внатрешно-политички струи — да се приклучи во војната на страната на Оската. Немоќен да ја сопре лошата судбина на Унгарија, Телеки извршува самоубиство. Унгарија се вклучува во WWII на страната на Хитлер поради повеќе причини, вклучително и за да се спаси од советска окупација. Но, паралелно со воените активности Унгарија во 1944г. почнува тајни мировни преговори со В.Британија и САД.
Операција Маргарет и фашистичка окупација
Кога Хитлер дознава за тајните преговори, на 12 март 1944 ја извршува операцијата Маргарет за напад над Унгарија. Нафтата на Унгарија му е потребна за тенковите и авионите кои јуришаат на источно-европските фронтови. Операцијата вклучува воени закани но и тактички маневри со кои Германија всушност извршува окупација и превласт во Унгарија (инсталација на свој човек за премиер) без воопшто да има воени активности. Повеќе, во оваа кратко убаво видео.
Црвената армија- и почетокот на нова окупација
Знаеме како заврши WWII.
Веќе во есента во 1945 Црвената армија ги има набркано фашистите од Унгарија. Унгарија е во рушевини, 10% од населението е исчезнато.
Во целиот тој хаос, но и надеж за нов почеток главно се борат две струи: Smallholders партијата се обидува да се избори за независност и граѓанска демократија (како нашата опција со Ченто); од спротивна страна, „левичарскиот блок“ се бори за Унгарија социјалистичка, под командна контрола на Москва. На изборите во 1945 г 83% од народот гласа ПРОТИВ социјалистите. Но, кога социјалистите ги интересирало демократија и ги почитувале резултатите од избори?!
Па така Москва инсистира Министерството за внатрешни работи да се даде на социјалистите — и почнува нова ера на терор. Две години подоцна, социјалистите го киднапираат генералниот секретар и пратеникот на Smallhoders партијата на сред бел ден, по што организираат пуч и организираат наместени избори — и пак едвај освојуваат 22% од гласовите. И тука се решаваат да стават крај на повеќе-партискиот систем и воведуваат „диктатура на [демек] „пролетаријатот““. Наредните избори во Унгарија се во 1990 г.
Целиот 2 спрат на Музејот е посветен на „двојната окупација“ и злоделата на социјалистите. Во една од собите во Музејот има закачено две униформи една до друга, фашистичката и комунистичката, кои симболизираат трагичен континуитет на диктатурите (кој го интересира повеќе теорија, и зошто ова воопшто не е чудно, нека зирне за Теорија на потковица).
Гулаг = наци концентранциони логори ?
Не постои човек кој не слушнал за концентрационите логори на Хитлер. Но три децении пред Хитлер, уште од 1919 г. Ленин и Советскиот сојуз имале систем на присилни работнички логори (Gulag, Glavnoe Upravlenie Lagerei). Во период од 40 години, социјалистите имале над 18 милиони политички затвореници — секој што не им се допаѓал на врхушката на власт. Од селани, до свештеници, па се до политички неистомисленици (воглавно од своите редови!), завршувале во овие логори често работејќи до смрт во ужасни услови на „јавни проекти“ (тоа е и главната разлика со логорите на Хитлер).
Во Унгарија првиот потег на комуњарите бил всушност т.н. internment (реално, чистка) — акт со кој режимот може да стави било кого под „полициски надзор“ без било каква претходна постапка и без никаква правна алатка за заштита. Во период од 3 години, над 40,000 луѓе се ставени под „надзор“ и испратени во конц.логори (Recks, Kistarca, Tiszalok и Kazincbarcika). Дури и роднините на „предавниците“ можеле да завршат неколку години на „реедукација“. Огромен број млади под 20 години — некои само што излезени и од наци логорите — биле меѓу првите затвореници. Се апселе деца кои цртале графити „смрт за комунистите, слобода за народот“. Тотално лудило.
700,000 унгарци завршиле во логори од кои над 300,000 никогаш не се вратиле.
Куќата на теророт
Пресилна е симболиката — и суштината — на фактот дека седиштето на фашистите станува Куќа на теророт на социјалистите.
Интересно е како постои „слепа точка“ во Источна Европа за злосторствата на социјалистите кои, за нас, се дури и погрозоморни од оние на фашистите — првично бидејќи се направени врз сопствените народи а потоа бидејќи буквално ги имаат истите методи на терор (од конц.логови до се). Можеби најтешко од се е целата мрежа на шпиуни — поддржувачи на социјалистите и оддржувачи на режимот — кои деноноќно будно внимавале да лоцираат „непријатели на државата“. Параноично. Грозоморно.
Музејот во Будимпешта е феноменален потсетник на неколку децениската трагедија што ги снајде многу источно европски народи да бидат под двојна окупација. И одличен real life пример за веродостојноста на теоријата на потковица.
Музејот е must see знаменитост.
*Во чест на Европскиот ден на памтењето на жртвите на социјализмот и фашизмот [ЕУ кукавички го има крстено Сталинизмот]: